Дипломи за олимпијците-хемичари Дарко Стојчев, Јан Стојановски, Ања Спасовска и Филип Бојаџиевски

Четворица средношколци кои летово ја претставуваа Македонија на Меѓународната олимпијада по хемија IchO-2022 добија дипломи за нивните постигнувања. Дипломите на Дарко Стојчев од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје, Јан Стојановски, од „Јахја Кемал“ од Скопје, Ања Спасовска од „Гоце Делчев“ од Куманово и Филип Бојаџиевски од „Орце Николов“ од Скопје им ги додели Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) кое го организраше нашето претставување. Успехот на младите таленти беше одбележан на собор во ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет, пред зградата на Институтот за хемија.

Пред присутните се обрати проф. д-р Зоран Здравковски, претстедател на СХТМ, а проф. д-р Миха Буклески, ментор на учениците, детаљно ги претстави постигнувањата во секоја категорија. Благодарници беа доделени и на сите оние кои активно учествуваат во помагањето на активностите поврзани со организацијата на селекционите натпревари и помагањето на талентираните ученици: компанијата „Џонсон Мети“, Агенцијата за млади и спорт, општините Центар и Куманово, порталот umno.mk, семејството Шоптрајанови, Природно-математичкиот факултет и Институтот за хемија при ПМФ од Скопје.

Фото: СХТМ

Сподели