„Златна камера 300“ за кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Урсеин од Турција

Кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Урсеин ја добија наградата „Златна камера 300“ на 44. Интернационален филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола. Тие се наградени за филмот „За сувите треви“ во режија на Нури Билге Џејлан. „Сребрена камера 300“ освои Ченгма Жијуан за „Само реката си тече“ во режија на Веи Шуџ, а „Бронзена камера 300“ му припадна на Паоло Карнера, кинемарограферот на италијанскиот „Носталгија“ во режија на Марио Мартоне. Душан Кардалевски, кинематографер на дебитанскиот филм „Лена и Владимир“ на Игор Алексов доби special mention. Со овој филм вечерва се затвора фестивалот.

Претседателот Стево Пендаровски му ја врачи наградата специјална „Златна камера 300“ за особен придонес во кинематографијата на Шеjмус Мекгарви, кој одушевен од фестивалот рече дека сега, откако го открил, секоја година ќе се враќа во Битола.

Фото: Принсктрин МРТ

Сподели