Снимавме на -30 степени, Нури Билге Џејлан ни даде целосна слобода

Кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Урсеин го претставија филмот „За сувите треви“ во режија на Џејлан на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што се одржува во Битола

Кинематограферската работа во тандем не е комплицирана ако добро ја познавате работата на другиот. Режисерот Нури Билге Џејлан нè повика заедно да работиме и ни даде целосна слобода. Многу лесно се разбиравме бидејќи и тој и неговата сопруга се заминаваат со фотографија и се врвни и многу почитувани во оваа област, рекоа денеска кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Урсеин по синоќешната проекција на филмот „За сувите треви“ во режија на Џејлан на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што се одржува во Битола. Обајцата благодарни потенцираа дека им е чест што се на фестивалот.

Шахин и Урсеин објаснија дека веднаш по читањето на сценариото со Цејлан ги поминале локациите и дефинирале каде ќе бидат снимени сцените.
– Во однос на осветлувањето, се прилагодивме на познатиот стил на Нури. Во однос на ликовите, мракот на главниот лик сакавме да го потенцираме со движењата на камерата. Дури и ентериерите во студиото, самиот декор, се трудевме да бидат што пореалистични за да се потенцира мракот што го носи клавниот лик. Имајќи предвид дека училиштето е едно од најважните општествени институции, намерно го прикажавме во хаос, како и живеалиштата на наставниците. За да го потенцираме хаосот во нивниот свет. Дополнително, главниот лик, самец секогаш го портретиравме во сенка, а другите се секогаш осветлени – објасни Шахин.

Иако првпат работеле заедно, соработката била одлична. Снимале вкупно 3 месеци, екстериерите зиме и лете, и во студио.
– Работата беше одлично организирана. Многу работи беа испланирани, но чекавме да заврне снег за да ја постигнеме фотографијата што беше замислена. Така додека еден од нас снимаше во студио, другиот беше на друг сет зашто во меѓувреме заврнало снег и тоа мораше да се искористи. Снимавме на -30 степени и ни требаше време да се прилагодиме на температурата. Сепак на крај воопшто не се забележува дека работеле двајца кинематографери – објасни Урсеин.
Режисерката Александра Карадалевска беше во улогата на преведувач од турски јазик и олично се снајде во улогата.

На деншната прес конференција зборување и Фране Памиќ, кинематограферот на филмот „Ескорт“ говореше за соработката со режисерот Лукас Нола, кој неодамна почина. Тој добил покана од познатиот режисер.
– За мене беше голема работа бидејќи тој ми беше професор на Академијата. Лукас беше и академски сликар и размислуваше во слики. Сакаше многу да ексериментира. Филмот е еден вид борба на Лукас против насилството – рече Памиќ кој се заблагодари за поканата.

Ракел Фернандез Нуњес е потпретседателка на шпанската кинематограферска асоцијација и една од најдобрите шпански кинематографери. Таа зборуваше за за нејзиниот документарец „Анка“ кој е на програмата на фестивалот. Во филмот станува збор за жени кои преживеале насилство.

– Важно ни беше да ја истражиме болката што ја преживеале овие жени. Тешко беше да се допре до нив и затоа одлучивме да работиме со екипа која ќе биде составена само од жени за тие да се чувствуваат покомотно. Внимававме да не ја репродуцираме нивната траума за време на снимањето – рече Фернандез Нуњес.
Гијом Ле Гронтек, кинематограферот на филмот „Кратко патување“ кој имаше премиера на фестивалот во Венеција, а вчера беше прикажан и на „Браќа Манаки“ рече дека е многу среќен што е во Битола и што овде бил прикажан неговиот филм кој е работен со мошне млада и талентирана актерка и режисерка која е во подем. Од документарната програма, вчера беше прикажан и филмот „Светло на светлината“ на кинематограферот Неритан Зинџирија. Филмот говори за искуството кое почнало денес, а ќе продолжи можеби по сто години и се занимава со безвременската природа на искуствата.
– Ми беше многу важно да се фати точниот ритам на светлината и да се зачува чувството на анонимност, на непознатост. Снимав на Света Гора, но наскоро почна пандемијата и дојде до некакво поклопување на сето тоа – снимање на изолирано место, а и цел свет во пандемијата беше во изолација – рече Зинџирија.

Сподели