„Како си ми?“ – 9. издание на филолошката студентска конференција

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска во 10 часот ќе се одржи 9. издание на филолошката студентска конференција „Како си ми?“. Студентите филолози ќе ги претстават своите најдобри истражувачки трудови пред своите колеги, професори и љубители на филологијата.

– Целта на конференцијата е да ги собере на едно место проучувачите на филологијата, при што студентите ќе можат да ги изложат своите истражувања од сферите на: лингвистиката, книжевноста, културата и уметноста, преведувањето и толкувањето, методиката и дидактиката, како и интермедијалните и интердисциплинарните релации во кои стапува филологијата. Преку дијалог се актуализираат традиционални и современи теориско-методолошки пристапи и се аплицираат врз различни филолошки прашања – вечат од факултетот.

Конференцијата ќе ја отворат проф. д-р Владимир Мартиновски и проф. д-р Анета Дучевска. Целата програма на линкот.

Сподели