Школото „Димитар Влахов“ од Струмица ја освои Европската награда за иновативна настава

Средното училиште „Димитар Влахов“ од Струмица ја освои Европската награда за иновативна настава (ЕИТА) во рамките на проектите што лани беа финансирани од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Реализираните проекти беа презентирани неделава. Според Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поддржани биле повеќе од 40 младински иницијативи (проекти за млади) со вкупен буџет од повеќе од 1 милион евра.

– Европската комисија на почетокот на оваа година ја препозна важноста на една голема група со која сите ние работиме, прогласувајќи ја 2022 како година на младите. Се вложивме оваа заложба да ја пресликаме и кај нас – воведовме отворен ден за млади и се вложивме во креирање на новата национална стратегија за млади – рече Ѓоргиевски.

Марко Ѓоргиевски

Во рамките на промоцијата на проектите организацијата LEAD презентираше проект во делот на социјално претприемништво, организација „Доминиум“ го претстави проектот за Учење на странски јазик во основно образование, од Е-Твининг беше презентиран проектот „Глобал тур бас“, а Европскиот солидарен корпус ја презентираше организацијата „Крафт конект Дубица“.

Благодарница за проект со најголем општествен импакт во делот на млади доби организацијата Сојуз за младинска работа за проектот Создавање на младински работници. Сите организации кои презентираа добија благодарници од Националната агенција како мотивација и инспирирација за други организации да продолжат или пак да се вклучат за првпат во програмата Еразмус+.

Сподели