Разговор со Лидија Димковска за романот „Единствен матичен број“

Во книжарница на ТРИ во Градскиот трговски центар во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со писателката и поетеса Лидија Димковска за нејзиниот роман „Единствен матичен број“. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева.

– На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. а добредојдено е и вашето учество – велат од ТРИ.

Лидија Димковска е родена во Скопје во 1971 година. Ова е нејзин четврти роман. Димковска е поетеса, романописец и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик. Докторирала Романска литература на Универзитетот во Букурешт, Романија, каде предавала македонски јазик и литература. Живее во Љубљана, Словенија и преведува романска и словенечка литература на македонски јазик.

Објавила шест поетски збирки на својот мајчин, македонски јазик: „Рожби од Исток“, „Огнот на буквите“, „Изгризани нокти“, „Нобел против Нобел“, „pH неутрална за животот и смртта“ и „Црно на бело“, три романи „Скриена камера“, „Резервен живот“ и „Но-Уи“, еден американски дневник „Отаде Л.“ и една збирка куси раскази „Кога заминав од Карл Либкнехт“.

Сподели