Купи новогодишно НЗД пакетче и навлечи дете на наука

Фондацијата „Кантарот“ отвори донаторска акција чија цел е децата повеќе да ја засакаат науката, а со помош на возрасните заеднички да правиме квалитетни активности за образованието на нашите деца. До 23 декември за секоја донација над 750 денари фондацијата подарува по едно НЗД пакетче (Наука за деца пакетче).

– Со НЗД пакетчето за Нова година ќе навлечете едно дете, а со донацијата за фондацијата ќе навлечеме многу деца да ја засакаат науката – велат од платформата Наука за деца која е сосдавен дел на фондацијата „Кантарот“.

Бидејќи пакетчиња треба да стигнат во што повеќе семејства, едно физичко лице за својата уплата може да добие само едно НЗД пакетче кое содржи материјали и упатства за изведување на 4 забавни научни експерименти. Пакетчињата ги даваат по принципот: прв дојден – прв услужен.

Сите заинтересирани треба да уплатат најмалку 750 денари на жиро-сметката 250-0010051639-69 (Шпаркасе банка) до 23 декември. Податоците за достава на пакетчето треба да изпратат на следниот мејл: [email protected]

Сподели