Пишува: Бериника Арслани, средношколка од Гостивар
Колку чуден свет имаме денес…
Зборот „свет“ значи живот, да имаш желба да живееш, во нешто што е тркалезно, но не го ни забележуваш, интересно е, но чекај малку, размислувам, дали да кажам дека светот е чиста…
Старите луѓе секогаш велат дека животот бил подобар „тогаш“, а не „сега“ и верувајте ми љубопитна сум да го знам тоа. Сакате да дознаете повеќе за тоа време, но не го разбирате.
Не разбирам зошто денес не можеме да живееме слободни?
Зошто денес живееме со таа што ќе кажуваат луѓето?
Зошто е срамно да се излезе во градскиот парк денес?
Зошто денес читањето книги е смешно за луѓето?
Зошто хранењето животни на улица е нешто нелогично за луѓето?
– Зарем тие не ни се пријатели?
Имаме уште време да го промениме светот. Не е доцна, знам, сите се трудам да ги сфатам, воопшто не е лесно, но не е тешко кога имаме убави соништа.
Она што сакам е да живееме слободно, да не ја криеме насмевката, сите да живееме среќно, можеби вака ќе имаме повеќе можности да го оживееме светот, бидејќи немаме други светови за живеење. Да не го уништуваме уште повеќе, да не се однесуваме лошо еден со друг, да не ги малтретираме повеќе животните. Тие не зборуваат, да, добро, но како што ти држиш срце, така и тие. На крајот на краиштата, еден ден ќе умреме, ќе умреме, сите сме гости на овој свет, но сакаме да оставиме добар менталитет за другите генерации.
Разубавете го градот, на пример. Би сакала да имам полици со бесплатни книги среде паркот на мојот град, да имам кутија во која сите граѓани ќе можат да собираат пари за животните, да имаме можност и да ги финансираме и тие, да се изградат повеќе спортски сали, да се поддржат младите и многу други работи… Верувам дека би било поубаво!
Каква промена сакате во вашиот град?





