Во Сули ан во Старата скопска чаршија, вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржи хорот „Фрида од Македонија“. Нив ги предводи Сузана Турунџиева.
Аматерскиот женски хор „Фрида“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во две секции/групи составени од по 60-ина хористки аматери, со големо хорско искуство.





