Концерт на хорот „Фрида од Македонија“ во Сули ан

Во Сули ан во Старата скопска чаршија, вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржи хорот „Фрида од Македонија“. Нив ги предводи Сузана Турунџиева.

Аматерскиот женски хор „Фрида“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во две секции/групи составени од по 60-ина хористки аматери, со големо хорско искуство.

Сподели