Битолчаните Влатко Деловски и Владимир Ѓоргиевски-Бабушо го искачија врвот Ајгер во Швајцарија

Алпинистите од битолскиот клуб „Вертикал“, Влатко Деловски и Владимир Ѓоргиевски-Бабушо го искачија швајцарскиот врв Ајгер (Eiger) на 3970 метри надморска височина. Ајгер заедно со врвот Матерхорн го држат култот во алпинизмот од 19 до средина на 20 век.

– Особено задоволство ми прави што нашиот клуб „Вертикал-Битола“ лани го понесе признанието и за Матерхорн и сме првите Македонци што го искачија врвот од Червинија во еден ден, и секако за Ајгер. Воедно јас и Бабушот сме првите битолчани што го искачиле Ајгер, што секако е мал придонес за историјата на планинарството во Битола. Уште едно прекрасно алпско искуство – вели Деловски.

Сподели