„Иконостасите во црквите од Кумановско до 20 век“ е насловот на изложбата отворена во Уметничка галерија во Куманово. Поставката ја подготво Валентина Андреиќ, виш кустос, историчар на уметност.
На изложбата се претставени се фотографии со иконостасите од: „Св. Никола“ (19 век) во Куманово, „Воведение на пресвета Богородица“ (17 век) во манатирот Карпино, „Св. Ѓорѓи“ (14 век) во Старо Нагоричане, „Св. Параскева“ (19 век) во Мургаш, „Св. Ѓорѓи Победоносец“ (19 век) во Младо Нагоричане и други.





