Музејски репродукции на 14 портрети од ренесансниот сликар Рафаело Санти на 19 октомври ќе биде отворена во Археолошкиот музеј во Скопје. Изложбата под наслов Raffaelo: Opera Omnia почнала да го обиколува светот лани кога почна одбележувањето на јубилејот, 500 години од неговата смрт. Две од делата се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр во Париз, а останатите во најпознатите италијански галерии: Боргезе и Барберини во Рим, Уфици и Палатина во Фиренца и Националната галерија во Урбино.

Рафаело Санти, заедно со Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса. Raffaelo: Opera Omnia до сега била изложена во Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореа и во Косово. Изложбата се отвора во соработка со италијанската амбасада во земјава и ќе биде отворена секој ден од 10 до 17 часот (освен во понеделник) до 20 декември. Влезот за изложбата е бесплатен.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.