Сребрен олимписки медал за Дејан Георгиевски и Македонија

Дејан Георгиевски го освои првиот сребрен медал за независна Македонија. Со резултат 15: 9, тој изгуби во финалето со светскиот шампион Владислав Ларин од Русија. Ова е најголемиот успех на Македонија после 21 година, кога Могамед Ибрагимов, освои бронза во борење.

22-годишниот Георгиевски е актуелен европски шампион во таеквондо. 14 медали досега имаат освоено Македонци на Олимписките игри, од кои 12 се во репрезентациите на Југославија.

Постер: Зоран Кардула

Сподели