Европскиот шампион во таеквондо Дејан Георгиевски денеска го совлада Ин Кјо Дон од Кореја и обезбеди историски пласман на Македонија на Олимписките игри. Ова е најголемиот успех на Македонија после 21 година, кога Могамед Ибрагимов, освои бронза во борење. 22-годишниот Георгиевски во финале ќе се натпреварува против актуелниот светски шампион во категорија до 87 кг. Тој ќе се сретне со светскиот шампион Владислав Ларин од Русија.

Дејан со своите тренери Дарко Костовски и Борче Костовски

– За прв пат во независна Македонија одиме во финале на олимписки игри. Во полуфинале го победивме Ин Кјо Дон од Кореа, од земјата лулка на овој олимписки спорт! Во финале не чека актуелниот светски шампион во категорија -87кг. За да и е појасно на јавноста, на Олимписки игри во таеквондо се фузираат две категории -87 и +87, што значи двојна конкуренција – вели Дарко Костовски, еден од тренерите на Георгиевски.

Георгиевски во период од два и пол часа успеа да совлада тројца противници.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.