ДА НЕ ВИДАМ
Сета земја в бочва
да можат
ќе ја вратат.
Преку рамо ќе ја префрлат
да ја однесат.
Ако можат
и устата ќе ù ја затворат
да не викне.
Како змија очите ќе ù ги прободам
да не види каде ќе ја однесат.
Да не се вратит!
Оф таа жална Македонија,
Да не видам!





