Ви споделуваме песна од големата македонска поетеса, есеист, писателка за деца – Светлана Христова – Јоциќ (1941-2012).

 

ДА НЕ ВИДАМ

Сета земја в бочва
да можат
ќе ја вратат.
Преку рамо ќе ја префрлат
да ја однесат.
Ако можат
и устата ќе ù ја затворат
да не викне.
Како змија очите ќе ù ги прободам
да не види каде ќе ја однесат.
Да не се вратит!
Оф таа жална Македонија,
Да не видам!

Насловна илустрација: Дело на Васко Ташковски
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.