Од оваа учебна година учениците во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје ќе добиваат по 4.000 денари месечно, наместо 2.100 денари како досега. Претставници на 18 компании, партнери на ова училиште ја донесоа оваа одлука.

– „ Михајло Пупин“ работи во интерес на учениците и нуди можности за поголема мотивација, како и за вработување веднаш по завршување на стручното образование. Формирани се и тимови со по двајца претставници на компаниите и двајца претставници од училиштето за целосно кординирање, решавање на проблеми и давање нови идеи за заеднички интерес на учениците, училиштето и компаниите – изјави директорот Димитар Ѓорѓиев.

На средбата присустуваа претставници од: ЕВН Македонија, Либерти, Макстил, Раде Кончар – ТЕП, УСЈЕ – Титан Цементарница, Виталија, ЕСМ Македонија, Раде кончар контактори и релеи, Масак, Мепсо, А1, Македонски Телеком, Симтек Солушн, Ван Хол, Студентски Сервис, Логинг инжинеринг, Глобал Секјурити и Пекабеско АД, како и советникот за електротехничка струка во Центарот за стручно образование советникот за електротехничката струка, Зоран Јовчевски.

Средно електротехничко училиште на Град Скопје „ Михајло Пупин“ – Скопје е  првото училиште во Македонија кое воведе дуално образование.

– Како училиште растеме од година во година со тоа што бројката од 2018 до 2021 година порасна за 300 ученика односно од 614 во 2018 година, а денес училиштето брои 900 ученика што претставува најголем пораст на ученици на ниво на државата во изминатите три години. Со бројот на ученици расте и бројот на компании наши партнери од бизнис-секторот во кои се реализира практичната настава, феријалната пракса и учење преку работа – рече Ѓорѓиев.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.