Традиционални народни носии од Балканот од крајот 19 и почетокот на 20 век е отворена во Музејот на Кратово. Претставени се носии класифицирани според социјалниот статус. Поголемиот дел се прикажани на фотографии, но има и неколку експонати. Излоѓбата ја организира Општина Кратово и ансамблот „Македонија“ од Скопје
Според Владимир Јаневски, професор на катедрата за етнокореологија на Музичката академија во Штип и менаџер на ансамблот „Македонија“, идентитетот на еден народ се темели на фолклорот, традицијата, песната, орото, носијата. Изложбата ќе биде отворена до 30 ноември.





