Претставување на животот и делото на Јосипина Турнограјска, првата словенечка писателка

Во Паркот на книгите пред книжарницата „Матица ексклузив“ во Скопје денеска во 18 часот ќе бидат преставени животот и делото на првата словенечка писателка, поетеса и композиторка Јосипина Турнограјска. За нејзиното творештво ќе зборува д-р Мира Делавец Тоухами. Таа ќе зборува за улогата и значењето на Турнограјска за словенечката книжевност и ќе изведе делови од монодрама.

Јосипина Урбанчич (9 јули 1833 – 1 јуни 1854 година), била една од првите словенечки писателки, поетеси и композиторки. Родена во замокот Турн во Преддвор во тогашното Австриско царство, денешна Словенија. Оттаму го извела и својот псевдоним Турнограјска (од замокот Турн).

Имала широко познавање на словенечката и европска литература и била одушевена од поезијата на Франце Прешерен. Во нејзиниот краток творечки живот, Турнограјска напишала триесетина раскази, првиот кога имала само 17 години. Својата инспирација ја црпела од историја на Словените и други словенски народи и од популарните легенди. Во 1850 година се свршила со поетот Ловро Томан, поет, кој ќе стане успешен адвокат и влијателен политичар. Поради работата на Томан се преселиле трајно во Грац во 1853 година. Една година подоцна Јосипина починала од компликации при породување предизвикани од сипаници. Имала само 21 година.

Сподели