Заврши снимањето на краткометражниот филм ,,Мизантроп”

Продуцентската куќа ,,Контраст филм” го заврши снимањето на краткометражниот игран филм ,,Мизантроп” по сценарио и во режија на Бранко Kостески. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм. Филмот е современа комедија која претставува обид да се портретира мизантропот од денешна перспектива, приказна за осаменоста и отуѓеноста на еден човек кој се противи на лагата и лицемерието во современото општество, но истовремено и на сопствената среќа.
Улогите во филмот ги толкуваат: Сашко Коцев, Ана Стојановска, Габриела Петрушевска, Анастас Тановски и Тинка Ристеска.
Директор на фотографија: Дејан Димески Сценограф: Дејан Ѓошевски Костимограф: Жаклина Крстевска Шминкер: Игор Петрески
Продуцент на филмот e Дејан Димески – Контраст филм, а копродуцент е Роберт Јазаџиски – Кавал филм.

Сподели