За „Еден тон сладолед“, Сандра Ѓоргиева доби награда за постпродукција на звук во Сараево

Режисерката Сандра Ѓоргиева за краткометражниот игран филм „Еден тон сладолед“ ја освои наградата за најдобар пич (претставување) на Сараевскиот филмски фестивал. Ѓоргиева ќе добие 4.000 евра за постпродукција на звукот, зад кој стои „Охо продукција“. Проектот беше дел од програмата „Pack and pitch“, како проект во фаза на изработка, каде младите филмски работници, дел од „Сараево таленти“, можат да ги претстават своите проекти.

„Еден тон сладолед“ се снимаше во Скопје пред две недели, а главната улога ја толкува Јелена Јованова-Периќ, Бодан Киранџиски и Јована Иванова.

Бодан Киранџиски во сцена од филмот

Приказната ја следи агонијата и психолошката борба на 15-годишниот Ведран, како последица од застрашувачки настан во неговиот живот. Тој се обидува да ги поправи работите, но наместо тоа, се опседнува со апсурдно и манично однесување кон Ева (Јелена Јованова Периќ) и нејзината ќерка (Јована Иванова), барајќи прошка од нив, наместо проштавајќи си себеси.

Сподели