„Вози право, вози здраво“ со 8.000 учесници

Најавите за дожд и променливото време не ги спречија граѓаните масовно да излезат на скопските улици со своите алтернативни превозни средства и да учествуваат на 7. издание на „Вози право, вози здраво“. Веќе традиционалниот настан обедини 8.000 учесници од сите возрасни категории кои дојдоа со своите велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, а некои и со колички за бебе, па релаксирано се возеа од Порта Македонија до Градскиот парк и ја поддржаа мисијата на „Стопанска банка“ за промоција на велосипедот како урбана форма на транспорт за стекнување здрави навики и подобра животна средина.

Толпата тргна од Порта Македонија и ги „зазеде“ градските улици кои беа целосно ослободени од автомобили. Насмевките и задоволството се читаа на лицата на сите. На финишот во Градски парк учесниците ги пречека освежување, сладолед и грицки и голема забава со водителите Игор, Дени и Цако, со омилените јунаци од 5+ Фамилија, бројни активности реализирани од Баскерфест како улични акробати, спортски активности, артисти, музикa, но и многу подароци и вредни награди од богатата лотарија.

На најсреќните учесници на „Вози право, вози здраво“ им беа доделени 50 награди – вредносен ваучер од 12.000 денари што го обезбеди Град Скопје и 49 награди од организаторот – велосипеди за возрасни и за деца, кациги, часовници, спотри ранци и друго. Имаше и утешни награди – маици, платенени торби и шишиња за вода.

Сподели