Јавните научни установи бараат нов Колективен договор – платите не им мрднале од 2019

Во хотелот „Континентал“ во Скопје денеска во 10 часот Синдикатот на самостојните јавни научни установи (ССЈНУ) ќе одржи работна средба со членството заради барање за потпишување нов Колективен договор со министерот за образование и наука.

– Со оглед на тоа што платите на вработените во јавните научни установи не се променети од 2019 година, потпишувањето на новиот Колективен договор има за цел на системски начин да го реши прашањето за платите. Предлогот за новиот Колективен договор од страна на јавните научни установи е подготвен и на средбата очекуваме претставници од МОН да го пренесат ставот на Министерството – велат од Синдикатот.

ССЈНУ е репрезентативен синдикат на ниво на гранка научно истражување и развој.

Сподели