МОН: При дојава за бомба, училиштата да се префрлаат на онлајн-настава

Министерството за образование и наука препорува во деновите кога училиштата ќе добијат заканувачка порака за поставена бомба, да организираат онлајн-настава, наместо целосно да ја прекинуваат наставата тој ден. Препораката е со цел да не се губат часови. Учениците ќе треба за еден час, колку што им е потребно да се вратат во нивните домови, да се приклучат онлајн за да ја следат наставата, велат од МОН.

Оваа препорака е испратена од МОН до директорите училиштата кои изминативе месеци во континуитет добиваат лажни дојави за поставени бомби во нивните објекти.

Освен препораката за онлајн настава, во дописот биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.

Сподели