Во скопската Зоолошка градина утре во 12 часот ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Посетителите ќе ги забуваат слончето Халки, Стела и Сани, ЗОО Азбука од Детскиот центар „Карпош“, Градскиот мешан хор „Вардар“. Пред присутните ќе се обратат и спасувачи и волонтери кои помагаа во Турција.
– Собраните средства ќе бидат префрлени на сметката за донации за настраданите во земјотресот на Црвениот Крст на Град Скопје, отворена за таа намена – велат организаторите.





