Студентите сместени во Државниот студентски дом „Пелагонија“ добија нова занимална. Таа е направена благодарение на хуманитарната забава иницирана од Универзитетското студентско собрание, што се одржа на 7 декември.

– Поминаа два месеца, но сето тоа беше поради желбата да извлечеме максимум од средствата кои беа собрани, бидејќи преговорите со одредени фирми траеја баш долго. На крајот сметам дека донесовме свежина, направивме нешто коешто може да биде новото место за студентите да се дружат. Драго ми е дека ваквиот чекор предизвика многу убави реакции од станарите во „Пелагонија“, а се надевам дека ист ќе биде ефектот и во ДСЦ „Гоце Делчев“, каде исто така се планира реновирање – изјави Славчо Темелковски, претседател на УСС.





