Во МСУ на зајдисонце

На зајдисонце, утре во 17 часот во Музејот на современата уметност во Скопје кустосот Бојана Јанева ќе ја прошета публиката низ трите актуелни изложби во музејот. По едночасовната тура следува музички дел со Марсо. Влезницата чини 100 денари.

Публиката ќе ги види изложбите: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“; „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“, архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А.

Сподели