Виртуелната прошетка низ постојаната етнолошка поставка на Музејот на Македонија од вчера е достапна на интернет. Може да се разгледаат шест различни сектори: народни обичаи, народни инструменти, народни носии, занаети, стопанство и народна архитектура.
– Поради вондредната состојба со ковид-19 ова е одлична можност да ги погледнете и истражувате музејските сали во секој момент од денот. Виртуелната прошетка може да ја најдете и на официјалната музејска страна – велат од Музејот.
До поставката води овој ЛИНК.





