Филмот „Ветена земја“ во режија на Ќендрим Ријани, ја доби наградата од публиката на Меѓународниот филмски фестивал PriFest во Приштина. Документарецот ја имаше меѓународната премиера токму на овој фестивал во рамките на програмата PriDOX. Наградата од публиката е единствена што се доделува за документарен филм на фестивалот.
Проекцијата се одржа на отворено, имаше одлични реакции од бројната публика, а коментарот за филмот беше дека се работи за „трогателен документарец што длабоко ја допре нашата публика, прикажувајќи еден помалку познат аспект на депортациите на Евреите од Скопско во 1943 година“, велат од продукцијата.
Повеќе за филмот, на следниот ЛИНК.





