Ректорски избори се одржуваат денеска на најголемиот и најстар универзитет во Македонија, „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Новиот ректор ќе го замени актуелниот, Никола Јанкуловски кој раководеше со УКИМ во два мандата по три години. За ректор се кандидираа шестмина професори: Горан Ајдински и Рако Дуев од Филозофскиот факултет, Христина Спасевска и Димитар Ташковски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Атанас Кочов од Машинскиот факултет и Биљана Ангелова од Економскиот институт.
Изборот на ректор се вржи со тајно гласање од 12 до 14 часот кога ќе биде затворено гласањето. Повеќе за начинот на избор на линкот.





