Во Музејот на современата уметност Скопје вечерва во 20 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2022 година. Добитник на наградата е писателот и академик Влада Урошевиќ, за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, издание на „Арс ламина“. Награденото дело е седмиот роман на Урошевиќ, а освен што е едно од неговите најобемни дела, препознатливо е по долгиот наслов.





