Свечено врачување на „Роман на годината“ на Влада Урошевиќ

Во Музејот на современата уметност Скопје вечерва во 20 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2022 година. Добитник на наградата е писателот и академик Влада Урошевиќ, за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, издание на „Арс ламина“. Награденото дело е седмиот роман на Урошевиќ, а освен што е едно од неговите најобемни дела, препознатливо е по долгиот наслов.

Сподели