Странски студенти учат конзервација и реставрација на керамика и мозаик во Стоби

Седуммина студенти учествуваат на годинашната работилница за конзервација и реставрација на римска керамика и стакло и мозаик што се одржува на археолошкиот локалитет во соработка со Фондацијата Балканско наследство од Стара Загора, Бугарија која трае од 2010 година.

На работилницата за керамика и стакло, освен една учесничка од Австралија, сите студенти се доаѓаат од Соединетите Американски Држави.
– Изминатава недела, по уводните лекции кои се однесуваат на историјатот на Стоби, карактеристиките на глина и керамика и основни принципи на конзервација и реставрација, учесниците работеа на конзервација на керамички садови – реплики на римски садови. Освен со конзервација, студентите се запознаа со начините на техничко документирање на керамика, па изработија техничка докумнетација на фрагменти керамика и цели керамички садови – велат од „Стоби“.

Конзерваторските работи се реализираат под раководство на Билјана Јанкуловска-Пеева, виш конзерватор во Стоби додека изработката на техничка документација е под раководена од Александар Манев, археолог од Археолошкиот институт во Бугарија.

Во тек се и конзерваторските активности во рамки на работилницата за документација и конзервација на мозаик. Има севкупно седум учесници од различни делови од светот. Во текот на прватата седмица учесниците го запознаваа теренот и почнуваа со техничка документација на мозаик и воведни предавања за основни конзеваторски интервенции и работа на терен со што беше заокружен првиот дел од работилницата. Работилницата се реализира под раководство на Томе Филов, конзерватор за мозаик од Стоби и Алесандро Лугарди, конзерватор за камен и мозаик од Италија.

Сподели