Бесплатни автобуси за средношколците во Скопје за летниот распуст

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз може бесплатно да се возат и за време на летниот распуст, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие.

– Тоа е е во рамките на активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, според која учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст за да можат непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука – велат од ЈСП.

Од задутре (12 јуни) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред. Повеќе информации на линкот. 

Сподели