Стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2023/24 година ќе додели Полската национална агенција за академска размена – NAWA во рамките на билатерална соработка во областа на високото образование и наука меѓу двете земји. Стипендиите се во рамките на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“.
Стипендиите се во вкупно времетраење од 20 месеци годишно за научно-истражувачка пракса и за едно-семестрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Полска. Стипендијата изнесува 1.500 полски злоти (319 евра) месечно за магистерски студии и најмалку 3.000 полски злоти (638 евра) за истражувачи со докторат на науки.
Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до нашето Министерство за образование и наука најдоцна до 15 април 2023 година. Повеќе информации на линкот.
Насловна фотографија: Dennis Jarvis/Wikipedia





