Дарувајте крв во спомен на Тоше

Крводарителска акција во чест на Тоше Проески ќе биде организирана задутре, на денот на раѓањето на трагично загинатиот пејач. Акцијата по 19. пат ја организираат Црвениот крст на град Скопје и Црвен крст на Македонија (Општинска организација Центар) во соработка со Институтот за трансфузиона медицина во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител.

Крводарителската акција ќе се реализира на задутре (25 јануари) во холот на Домот на АРМ од 9 до 17 часот.

– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. Досега, на овие акции реализирани се повеќе од 5.300 единици крв – велат од Црвен крст.