Советот на СОНК го стави штрајкот во мирување

Советот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го стави тринеделниот штрајк во мирување откако Министерството за образование и наука до Министерството за труд и социјална политика доставило барање за мирно решевање на работните спорови. Тие се повикале на Законот за мирно решавање на работни спорови. Според Јаким Неделков, претседател на СОНК, овој период трае 10 дена, а може да се продолжи за уште 10. Во овие 20 дена ќе се решава и прашањето дали наставниците што штрајкуваа ќе земат цела плата, или ќе им бидат исплатени само присонеси. Неделков рече дека очекува утре наставата да продолжи.

– Ако не се постигне договор, штрајкот ќе продолжи за 20 дена. Се консултуравме со повеќе правници, адвокати и судии. Ако не го почитуваме барањето за помирување, го кршиме Законот. Верувам дека во овој период ќе го решиме спорот и ќе го добиеме бараното зголемување на платите – рече Неделков.

Тој изрази надеж дека дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови. Неделков се повика на член 19 став 2 од Законот за мирно решавање на работни спорови. Целиот Закон за мирно решавање на работни спорови на овој линк.

Сподели