Со поезија во Даут-пашин амам ќе се слави Меѓународниот ден на Бошњаците

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, 28 Септември, Младинската културна асоцијација на Бошњаците „Шадрван“ вечерва во 19 часот во Даут-пашиниот амам ќе го одржи 8. поетски фестивал „Балканска вечер на поезијата“. Фестивалот ќе го отвори м-р Џеват Кицара од Институтот за стандардизација, а околу значењето на овој ден ќе говори академик Ферид Мухиќ.

Ќе учествуваат поетите што живеат и творат во земјава, а се припадници на различни етнички заедници. Со по една песна на својот мајчин јазик ќе се претстават: Алма Хот Растодер, Анита Бошкова, Рабија Рашид, Стојан Арсиќ, Сејхан Јакупи, Делвина Крлуку, Љерка Тот Наумова, Алмира Папиќ, Ирена Јурчева, Ленче Милошевска, Фросина Пандурска-Драмичанин, Стојан Арсиќ, Суада Ајдарпашиќ, Севдија Абдулова-Демирова, Дајана Демири, Ванѓа Михајлова-Штерјова, Емина Спахиќ, Марина Мјаковска, Мехмед Ариф, Славчо Ковиловски. Воедно ќе биде и помовиран и зборникот „Литературно шаренило на Балканот“ – мултикултурно издание како синтеза на поетски творби на поетите што живеат и творат во земјава. Зборникот ќе го промовираат уредничките: д-р Марина Мијаковска и м-р Алмира Папиќ, според кои, идејата за да се создаде ваков мултикултурен проект беше поттикната од нашето македонско општество кое е пред сè мултиетничко шаренило. Овој зборник со поезија е резултат на повеќегодишниот фестивал на поезијата.

Сподели