Трајче Кацаров одбележува 35 години творештво

Авторот Трајче Кацаров деновиве одбележува 35 години творештво. Со настани посветени на творештвото на Блаже Конески, но и промоција на неговата нова стихозбирка „Три бои на љубовта“. Вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, ќе се одржи вечер посветена на творештвото на Блаже Конески. Во лирскиот перформанс ќе учествуваат и Јованка Денкова, а за музичкиот дел ќе се погрижи Роберто Поп Димитров. Перформансот ќе се реализира и во четврток во истиот термин. Ќе биде промовирано и списанието „СУМ“, кое е целосно посветено на јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Промоцијата на стихозбирката „Три бои на љубовта“ е закажана за 1 октомври во 20.30 часот на платото пред Центарот за култура.

Трајче Кацаров е поет, раскажувач, есеист, драмски автор.

 

 

Сподели