Слики од Камуран Горанци во Чифте амам

Изложба на дела од Камуран Горанци вечерва во 19 часот ќе биде отворена во Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Тој ќе се претстави со 22 дела изработени во техниката акрилик на платно, работени во последните две години.

Сликите имаат техничка еволуција од неговите претходни изложби, како што се „Код 1“ во Келн, Германија, „Код 2“ во Галеријата на Тирана и „Код 3“ во Галеријата на Скадар и оваа, самостојно конципирана „Код 4“, во Националната галерија, обележан со софистицираност на изразните средства и обид за филозофирање.

– Во повеќето случаи, сликата е граматичка анализа, композиција, а во исто време дезинтеграција на оние алатки кои историски му биле доверени на уметникот да се манифестира таму каде што креативното и животното искуство континуирано се негувале низ годините и страсно го чувало и сакале хроматското богатство. Боите во овие композиции се пастуозни, камени, расфрлени овде-онде, што означуваат експресивна состојба – вели Зени Балажи, куратор.

Сподели