Дарио Ивановски го проби својот пат до Олимпијадата во Париз. Тој се пласира на Летните олимписки игри во Париз постигнувајќи го пласманот 78. Место од 81 квалификуван атлетичар во дисциплината маратон. Од 81 квалификувани атлетичари, 70 се со норма и 11 се со ранкинг. Со овој успех тој стана првиот Македонец што се избори за пласман на ЛОИ 2024.
– Нашиот олимписки сон е реалност – рече денес Игор Јакимовски, тренер на Дарио Ивановски.
Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон 2:08:25. Тој се впиша историја во македонската атлетика на 18 февруари на маратонот во Севиља, Шпанија, на кој на стартната линија се појавија преку 250 елитни маратонци од целиот свет со цел да исполнат норма или што подобар резултат за учество на Олимписките игри во Париз и Европското првенство во атлетика во Рим. Овој резултат е само 15 секунди до олимписката норма за Париз и исполнета норма за учество на Европско првенство во атлетика во Рим.





