Уште еден светски врв! Сашко Кедев го освои Нанга Парбат во Пакистан

Д-р Сашко Кедев утрово го освои врвот Нанга Парбат во Пакистан. Нашиот врвен кардиохирург продолжува во својата мисија да ги освојува највисоките врвови во светот. Нанга Парбат е висок 8125 метри, а мисијата ја заврши со десетмина други планинари. Ова е деветтиот највисок врв на светот.

Д-р Кедев досега ги освои највисоките врвови на сите 7 континенти. Во 2009 година го освои Монт Еверест, а Манаслу (висок 8156 метри) пред две години.

Сподели