Во Гете-институтот во Скопје утре од 17 до 19 часот ќе се одржи возбудливо детско диско. Настанот е замислен специјално за деца од 5 до 12 години и нивните семејства. Влезот е отворен и бесплатен за сите. Ќе бидат организирани лекции по диско танц, пеење, лимбо танци и стоп танц и многу други забавни нешта. Повеќе информации на линкот.





