Книжевноста поврза пет земји преку европскиот проект РЕАД

Поврзување на пет земји од регионот преку културна размена во областа на книжевноста беше во фокусот на четиригодишниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност“ (РЕАД) финансиран од Европската Унија кој завршува денеска со тридневна конференција во Скопје.

На Конференцијата беа споделени резултатите од обемнио проект кој остави траги во регионалната културна сцена во нашата земја, Албанија, Косово, Србија и во Турција.

Пред присутните вчера се обратија евроамбасадорот Дејвид Гир, проект менаџерот Марија Чорбева-Пеновска. На панелите учествуваа раководителите на партнерите на проектот Бујар Лума од „ЦБЦ Лоја“, Маја Вуковиќ-Бисерко од „Крокодил“, Србија, Ирена Точи од Албанија и Мехмет Демирташ од Турција, авторите Ѓоко Здравески поет од Македонија како и поетесата Радмила Петровиќ од Србија. Дел од темите беа и „Вештачката интелигенција и издаваштвото“, „Достапни фондови за финансирање на проекти за млади“, „Зацврстувањето на културата преку соработка на владиниот и невладиниот сектор“.

Дел од резултатите на прокетот се: 92 грантаи на регионални граѓански организации, 13 изданија на литературни фестивали, 457 автори, преведувачи и активисти присутни на фестивалите, 57 преведени книги и нивни промоции, 39 регионални работилници за млади, 30 автори кои имаа едномесечен резиденцијален престој во една од земјите учесници, повеќе од 15.000 луѓе допрени преку проектот „РЕАД на тркала“ и други.

„Проектот РЕАД го постигна токму тоа што вообичаено го прават книгите, отвори нови канали за комуникација меѓу културните актери во регионот и нови видици за соработки и партнерства на културен план“, велат од Гете-институт Скопје. Конференцијата завршува денеска.

Сподели