Репродукции на цртежи од Едвард Лир, 173 години откако ја посетил Македонија

„Македонија низ очите, перото и четката на Едвард Лир, 17-24 септември 1848“ е насловот на изложбата која вечерва во 19 часот ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид. Ќе бидат изложени репродукции на цртежи од англискиот сликар, поет, писател, авантурист, Едвард Лир од неговиот престој во Македонија во септември 1848 година, кога ги посетил Битола, Преспа и Охрид. Изложбата ја подготви Милчо Георгиевски, историчар на уметност и кусос советник во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Охрид кој неодамна се пензионира. Тој со години беше раководител на Галеријата на икони.

Сподели