Монографијата „40 години ИФФК Браќа Манаки“, издание на Кинотеката, беше промовирана во малата сала на Домот на кулурата, во рамките на фестивалот на филмската камера во Битола. Ова е прво поголемо издание кое одбележува јубилеј на овој фестивал, кој е еден од ретките во светот што е тематски определен и фокусиран на филмската фотографија и работата на директорите на фотографија.
Монографијата „40 години ИФФК Браќа Манаки“ е финансиски поддржана од Агенцијата за филм.

За делото зборуваа Владимир Ангелов, директор на Кинотеката, Игор Старделов, филмолог-советник во Кинотеката и Стефан Хаџи Андоновски, долгогодишниот хроничар на филмските збиднувања во Битола и добриот дух на аматерскиот и непрофесионален филм од кино-клубот „Камера 300“.
Монографијата изобилува со фотографии од фестивалските церемонии, настани, тркалезни маси, мастеркласови, како и прес-клипинзи од написи објавени во печатените медиуми. Содржините се двојазични – на македонски и на англиски јазик.
Кинотеката на Македонија го објави и дигиталното издание на монографијата „40 години ИФФК Браќа Манаки“, кое можете да го најдете на следниов линк.





