Министерството за култура во буџетото за инвестиции ќе одвои 3.2 милиони денари за продолжувањето на реконструкцијата на театарот, што е помалку од една четвртина од поддршката што ја имаа лани Нам, на актерите на театарот во Куманово, ни е најважно што побрзо да се вратиме во нашата зграда во услови соодветни за работа, велат актерите кои се во недоимица што се случува со реновирањето на нивниот објект, кој пред Нова година запре. Кумановскиот ансамбл веќе две години е сместен во Центарот за култура, додека да заврши големата реконструкција на дотраениот објект, што започна 2020 година. Откако минатата година заврши втората фаза на реконструкција, трет месец не се изведуваат никакви градежни активности.



Кети Дончевска-Илиќ
И директорот на Центарот за култура Сашо Тодоровски смета дека реконструкцијата треба да оди со позабрзано темпо, зашто на градот му треба театарската зграда и ансамблот тоа го заслужува. – Ако некој сака, јас сум прв, зашто бев главен иницијатор за да започне реконструкцијата воопшто. Стануваз зобр за реконструкција на стар објект и адаптација и ако се обезбедат повеќе финансии, може да се направат и изведат и две фази. Цела реконструкција е планирана во шест фази. Излегуваат и непредвидени работи кои се решаваат тековно и тоа знае да го успори процесот – вели Тодоровски.





