Под насловот „Креираме заедно за подобра комуникација“, на 4 ноември во „Јавна соба“ „СмартАп“ ќе одржи креативна работилница наменета за едукатори, родители и деца. Работилницата е во рамките на проектот „Едуинклузија – иновираме за секое дете“. Целта на оваа работилница е да се детектираат предизвиците со кои децата се соочуваат при секојдневната комуникација.
-Вие како родители и едукатори ја имате најважната улога во растот и развојот на своите деца и ученици. Ефективната комуникација со нивните пријатели/врсници им помага да изградат висока самодоверба и чувство на припадност и солидарност, без анксиозност. Затоа, ве повикуваме да се пријавите за да бидете дел од нашата работилница и со своето искуство и знаење да придонесете кон полесно детектирање на комуникациските предизвици на децата – велат организаторите.
Од 10 до 13 часот ќе биде реализирана работилницата за едукаторите, а од 12 до 14 часот – со родители и деца.





