Работилница за деца инспирирана од делата на Кондовски во Даут-пашиниот амам

Студенти на мастер студии за уметност од Универзитетот Фонтис од Холандија и студенти по индустриски дизајн од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје организира работилница за деца во Даут-пашиниот амам во Скопје. Четириесет ученици од ОУ „Св. Климент Охридски“ и колеџот „Јахја Кемал“ заеднички ја посетија ретроспективата посветена на творештвото на Димитар Кондовски, каде што под раководство на учениците користеа театарски, скулптурски, сликарски, колаж и други уметнички техники за размислување за делата на изложбата.

Работилницата, базирана на современи методи за музејско образование, беше уникатно искуство за сите, што резултираше со одлична тимска работа и одлични креативни резултати.
Едукативната работилница ја координираше едукаторот при Националната Галерија, Маја Димитрова.

Сподели